И покрај пандемијата „Ковид-19“ што доведе до ограничувања на патувањата и мерките за карантин, запирање на глобалниот туризам, Анталија повторно стана една од најпосакуваните туристички дестинации во регионот.
Програмата со сертификати за здрав туризам, започната во координација со Министерството за култура и туризам, Министерството за здравство и сродните власти, е важен фактор за привлекување на многу туристи во градот и земјата воопшто, бидејќи ја разви довербата на странските гости.
Илкај Атмача, шеф на Турското здружение на професионални хотелиери (ПОИД), рече дека важна работа е опстанокот на секторот, додавајќи дека стекнатото искуство ќе биде многу вредно за 2021 година. „Раните резервации за следната година започнаа постепено“, рече тој.
Русите се најбројни
Русите беа најбројни странски посетители кои дојдоа во регионот во овој период, со околу 1,4 милиони туристи. Украина и Германија ја следеа Русија со 554.410, односно 339.759 туристи. Покрај тоа, 209.649 туристи пристигнаа од Велика Британија, 85.929 од Полска и 63.028 од Белорусија.
Претседателот на работната група за туризам во градскиот совет во Анталија, Реџеп Јавуз, исто така, изјавил дека градот имал добра сезона и покрај ограничувањата.
Истакнувајќи ја ефективноста на мерките и промотивните активности усвоени од хотелите и аеродромите, Јавуз истакна: „Нема друг град во светот со 3 милиони туристи оваа година, освен Анталија. Ова е навистина значајна, многу важна бројка “.
Тој додаде дека бројките се постигнати иако туристичката сезона во градот започна многу доцна заради светските ограничувања.
Инаку, Анталија годишно привлекува голем број туристи, а минатата година имало 15,5 милиони од нив од 193 земји, што е и најдобар резултат досега.