Кинеската технолошка компанија Xiaomi го претрка Apple и сега е трет по големина продавач на паметни телефони во светот.
„ Xiaomi продаде 46,5 милиони уреди во третиот квартал, скоро пет милиони повеќе од„ Епл “,а се заради доцното лансирање на„ Ајфон 12 “, објави Меѓународната корпорација за податоци.
Самсунг се врати на првото место, со продадени 80,4 милиони уреди, туркајќи го Хуавеи, кој се бореше против американските санкции и продаде 51,9 милиони, пренесува Бизнисинфо.
„Глобалната продажба на паметни телефони беше за 1.3 проценти пониска во третиот квартал од минатата година“, се вели во извештајот на IDC.Тоа е многу помалку од девет процентниот пад што го предвидуваше IDC, бидејќи економиите почнаа да се опоравуваат од пандемијата, а продажбата на телефони порасна во Индија, Бразил, Индонезија и Русија.