Рамсторе Македонија ги спои заедно принципите за безбедност при работа со принципите на квалитет и продуктивност во рамките на системите за управување со квалитет, ставајќи го здравјето на нашите вработени на врвот на приоритетите во плановите за брза реакција при итни случаи.
1. Коe беше Вашето првично размислување за грижа на вработените во почетокот на КОВИД-19 кризата?
Соочени со предизвиците на најголемата здравствена криза (Ковид 19) во светот, не би било точно да кажеме дека не испаничивме на самиот почеток, како всушност и целиот свет и сите засегнати сектори. Но, паничењето беше многу кратко: мораше да биде кратко. Рамсторе Македонија ги спои заедно принципите за безбедност при работа со принципите на квалитет и продуктивност во рамките на системите за управување со квалитет, ставајќи го здравјето на нашите вработени на врвот на приоритетите во плановите за брза реакција при итни случаи.
За таа цел, од првиот ден постојано применуваме хигиенски практики и сите видови мерки на претпазливост, со цел да ја извршиме оваа вредна задача во побезбедна средина и да го заштитиме здравјето на нашите вработени, како и здравјето на нашите клиенти. Затоа, нашата задача е постојано да потсетуваме и да повикуваме на почитување на темелни превентивни мерки.
2. Ако погледнеме од перспектива на голема слика, Вие сте во сектор кој го сочинуваат т.н. “есенцијални вработени”, кој беше најголемиот предизвик во претходниот период и како управувавте со тоа?
Најголемиот предизвик беше истовремено соочување со здравствените, но и со економските проблеми.
Како компанија, на почетокот на кризата ги дефиниравме нашите приоритети во смисла на одржливост, ставајќи го на прво место здравјето на вработените преку активно слушање на нивните размислувања и бевме во постојан контакт со нив. Врз основа на тоа, ги дизајниравме нашите стратегии за одржливост со јасни планови за спроведување на овие стратегии со цел да ги исполниме нашите заложби за безбедност и да ја надминеме најголемата здравствена криза до сега.
Втор приоритет, Со цел да се зачува јавното здравје, што е исто така еден од основните принципи, ние продолжуваме да даваме се од себе, исполнувајќи ги сите безбедносни мерки со цел да се заштити здравјето на клиентите.
Трет приоритет - исполнување на основните потреби на клиентите и пренесување на таа вредност на нивото на целата компанија. Овој период не беше период на создавање на заработувачка, туку период во кој што здравјето на сите луѓе и нивната потреба од основни добра е пред се, со цел да имаат одржлив животен стандард.
3. Како оваа криза ќе генерира одржливи можности за вработени во нивното работење за следниот период?
Најголема придобивка во поглед на одржливоста за нашите вработени во оваа криза е препознавање и одбирање на работодавачите кои ја немаат перцепцијата на посветеност од страна на вработените, туку посветеноста на работодавачот кон вработените.
5. Кога вработените се во прашање, кои се силните страни на Рамсторе во овој период?
За нас најважно во моментов е да промовираме смирена клима за работа со отворена, транспарентна и што поискрена комуникација. Овој пристап кој што го имаме кон вработените е секогаш пристап што е воден од емпатија и разбирање на различните влијанија што ги имаат вработените, како и задоволување на нивните потреби,како физички и така и ментални.
6. Што можеме да заклучиме со ова искуство со работа во криза COVID-19?
Како главни заклучоци кои можеме да ги изведеме се:
Важноста на заложбите на вработените мора да бидат истакнати.
Се покажа дека најважните работни места се на вработените, а потоа менаџерските позиции.
Важноста на безбедноста на работата на работните места уште еднаш е ставена во фокусот.
7. Кои се идните цели на компанијата кога зборуваме за вработените?
Ставање на безбедноста на работата на прво место и повторно увидување на сите критични точки.
Евалуација на хигиенските практики на работните места.
Истакнување на посветеноста на вработените наместо остварување профит.
Брзо воведување алтернативни канали за продажба (Интернет канали).