1. ИНС0101Б02001 Раководител на сектор за превенција и инспекциски надзор на културното наследство - Главен инспектор(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, историја на уметност со археологија
- најмалку 5 (пет) години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку 2 (две) години како инспектор
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Дополнителни услови
- лиценца за инспектор од областа во надлежност на инспекциската служба
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 37.631,00 денари
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ