Основачот и извршен директор на Zoom Ерик Јуан стана милијардер уште пред да се прогласи пандемијата на коронавирусот, и сега е еден од 100-те најбогати луѓе во светот, пишува CNBC.
Ерик Јуан претходно работел на софтвер за видео повици на Webex, што Cisco го купи во 2007 година. Zoom е основан во 2011 година и до јуни 2014 година имаше 10 милиони корисници.
Во март 2019 година, Zoom одлучи да излезе на берза и ги импресионираше инвеститорите со комбинација на брз раст и профитабилност. Акциите скокнаа за 72 проценти на 28 април 2019 година. Јуан стана милијардер.
За време на пандемијата на коронавирусот, тој стана еден од 100-те најбогати луѓе во светот. Според FactSet, неговите акции во Zoom вредат скоро 17 милијарди долари.
Скоро една година откако Светската здравствена организација го откри коронавирусот, луѓето се повеќе работат од дома и остваруваат видео повици. Апликацијата Zoom стана неизбежна.
Приходите се зголемија за четири пати, а профитот се зголеми за 90 пати. Акциите растеа сè повеќе и повеќе, издвојувајќи се како најдобри акции за купување, заедно со акциите на Модерна.
Проширувањето на Zoom не било секогаш лесно. Во пролетта 2019 година, откако Zoom стана интересен за инвеститорите, загриженоста поврзана со безбедноста на софтверот и приватноста на корисниците станаа сè попроблематични.
Потоа следуваа прашања во врска со Zoom и врските на Јуан со Кина. Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом, го нарече Zoom кинески ентитет.
Јуан одговори на својот блог, велејќи дека живее во Америка од 1997 година, а станал американски државјанин во јули 2007 година.
Zoom е американска компанија. Основана е во Калифорнија во државата Делавер. Тргува јавно со НАСДАК, рече Јуан.