Пандемијата го отежна патувањето минатата година поради различните блокади, а сигурно е дека тоа ќе го отежни патувањето и оваа година, како и во наредните години, па дури и децении, пишува CNN.
Сепак, Henley Passport Index објави список на земји со најдобри пасоши за 2021 година, кои не ги земаат предвид привремените ограничувања на различни земји.
Јапонија, Сингапур, Германија и Јужна Кореја се четирите земји кои имаат најдобри пасоши во светот, објави Henley Passport Index
Според истражувањето на „Henley & Partners“, азиските граѓани сè уште ги имаат „најпријателските“ патни исправи во светот.
Граѓаните на Јапонија можат да патуваат во 191 земја во светот без потребната виза, додека граѓаните на Сингапур можат да патуваат во 190 земји, а Германците и Јужнокорејците на 189 дестинации.
Македонија е на 45 место и нејзините граѓани слободно може да патуваат на 124 дестинации
Хрватска е на 18-то место со 171 земја каде нејзините граѓани можат да одат без виза, Црна Гора е на 45-та која како и Македонија има достапни 124 безвизни дестинации, БиХ е на 49-то место со 117, Словенија е на 12-то место со 180 достапни земји, Унгарија е на десетто со 182 дестинации, Романија на 17 со 172, Србија на 38 место со 134 дестинации, Албанија на 52 место со 114 земји кои не бараат виза за влез на нејзините граѓани ...
На последното, 110-то место на таа листа е Авганистан, од каде што граѓаните можат да патуваат во само 26 земји без виза, а претходи Ирак со 28 бесплатни дестинации, Сирија со 29, Пакистан со 107 ...
Секоја година, Henley Passport Index ги рангира сите светски пасоши според бројот на дестинации до кои можат да пристапат нивните граѓани без да им биде потребна виза.