Американската корпорација FedEx, којашто нуди курирски услуги, објави дека ќе отпушти до 6.300 вработени во Европа, пренесува Ројтерс.
FedEx претстави план за отпуштање на работници од 5.500 до 6.300 во оперативните тимови и административните работи низ цела Европа.
Компанијата како причина навела дека е при крај интеграцијата на холандската единица TNT Express во својата мрежа, пренесува британската агенција.