Дел од граѓаните веќе ги имаат на сметка парите од поврат на ДДВ за скенирани сметки.
Почна исплата на МојДДВ од скенирани фискални сметки во третото тримесечје од 2020 година.
УЈП информира дека на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во месеците октомври, ноември и декември 2020 година, од 6 февруари им се исплаќа дел од данокот на додадена вредност, прикажан во фискалните сметки. Скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет изнесува 33.398.562.346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари, односно околу 6,1 милиони евра.
Проектот МоЈДДВ започна на 1 јули 2019 година и дека тој се реализира со цел враќање назад пари кај граѓаните и сузбивање на сивата економија.