Американската компанија „Епл“ е компанијата на која луѓето низ светот најмногу ѝ се восхитуваат веќе 14. година по ред, открива нов извештај на „Форчун“. Компанијата ги произведува некои од најсаканите технолошки уреди на корисниците, како телефоните „ајфон“ и компјутерите „мек“.
На листата се наоѓаат 332 компании, а меѓу првите 30 убедливо доминираат американски корпорации. Најпопуларните 10 компании се од оваа држава, а помеѓу нив се и „Амазон“, „Мајкрософт“, „Старбакс“, „Алфабет“ и „Нетфликс“.
Гледано по индустрија, меѓу најдобрите компании има такви што работат во областа на технологијата, интернет-продажбата, забавната индустрија, прехранбена и други.
10 најпосакувани компании во светот
1. „Епл“
2. „Амазон“
3. „Мајкрософт“
4. „Волт Дизни“
5. „Старбакс“
6. „Беркшир Хатавеј“
7. „Алфабет“
8. „ЏП Морган Чејс“
9. „Нетфликс“
10. „Костко холсејл“
Прогласени најпосакуваните компании во светот за 2021 година
Актуелно
-
Сараево запечатено во смог – прогласена вонредна состојба
Воздухот во Сараево е опасен по здравјето, загадувањето е поголемо отколку во главните градови на Бангладеш и Пакистан, пишуваат босанските медиуми, а Владата на кантонот Сараево вчера прогласи вонредна состојба.
-
Програмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 1.570 евра
Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава.
-
Apple повторно е највреден бренд во светот, NVIDIA во топ 10
Apple и понатаму е на врвот како највреден бренд во светот, покажува најновиот извештај на Brand Finance, водечката консултантска компанија за вреднување на брендови.
-
Во 2024 забележан раст на комерцијалните летови во ЕУ: Кои аеродроми се на врвот?
Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови, и забележан е раст од 5,8 проценти во споредба со 2023 година кога биле остварени 6,3 милиони летови, објави европскиот статистички центар „Евростат“.
-
Цените на какаото и кафето ќе останат нестабилни и оваа година
Цените на какаото и кафето скокнаа за околу 180% и 70%, соодветно, во 2024 година, поттикнати од прекините на синџирот на снабдување, неповолните временски услови и растечката глобална побарувачка.
-
Грција воведува строги казни за возачите: 2.000 евра казна за еден прекршок и одземање на дозволата на 7 години
Секој што ќе патува во Грција треба да знае дека возењето во пијана состојба може да резултира со сериозна парична казна, како и губење на возачката дозвола. Новиот Закон за сообраќај во Грција, кој е отворен за јавна консултација до 24 јануари, воведува строги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни несреќи.