На електронската платформа е-ПДД е поставена нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, соопшти Управата за јавни приходи.
Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД има можност во новото прозорче „Мој ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.
-Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.
Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните, се вели во соопштението до медиумите.
извор: skopje24.mk