Државните службеници во Бразил нема да мора да доаѓаат на работа за време на натпреварите на Фудбалската Федерација на Бразил на светското првенство во Русија – објави службениот весник на Бразил Diario Oficial da Uniao.
Оваа бенефиција се однесува само на вработените во државните институции на Бразил. Причината за ова е временската разлика помеѓу Бразил и Русија поради која голем дел од натпреварите на Бразил ќе се играат во текот на работното време.
Во деновите кога натпреварите на бразилската фудбалска федерација ќе се играат наутро по локално време, државните слуќбеници ќе може да доаѓаат на работа од 14 часот напладне, а кога натпреварите ќе започнуваат попладне, тие ќе може да излезат од работа во 13 часот.
Пропуштените работни часови вработените во јавниот сектор ќе мора да ги надокнадат по завршувањето на првенството.
За вработените во приватниот сектор важи правилото дека самата компанија треба да одлучи дали на своите вработени ќе им дозволи да не доаѓаат на работа за време на овие натпревари.
Е тоа е вистинска фудбалска нација!