СКОРО ДИПЛОМИРАВТЕ И ЈА БАРАТЕ ВАШАТА РАБОТА ОД СОНИШТАТА – ВИ ЈА ОЛЕСНУВАМЕ ПОТРАГАТА
Скоро дипломиравте и почнувате да размислувате за вработување, но вашата идеална работа е онаа за која што 4 години сте студирале. Бидејќи сите почетоци се тешки, исто така и пронаоѓање работа по професија, ние ви откриваме неколку трикови, како поскоро да стигнете до посакуваната работа.
- Посетувајте вебинари или саеми за вработување
Вашите шанси за вработување, стануваат полесни и поедноставни доколку присуствувате на саеми или па веб работилници кои што се организираат за вработување. Ваквиот начин многу ви го олеснува процесот за барање на работа, затоа што вие сте на почеток и се запознавате со фирмите каде што можеби би сакале да работите.
Со ваквиот начин, не само што ќе се запознаете со професионалнци во индустријата, туку ќе добиете контакти и со други баратели на работа кои ќе можат да ви понудат многу совети, па заедно да го поминувате процесот на потрагата.
- Остварувајте контакти (Поврзете се)
Една од работите кои што се особено важни е тоа што важиот LinkedIn профил мора да се ажуриран со информациите од вашето CV.
Ова представува конзистентност, темелна подготовка и јасност со вашата апликација за работа.
Многу од компаниите очекуваат вашиот LinkedIn профил да го прикачите на вашето CV. Кога веќе го користите LinkedIn вашите податоци во однос на датуми ( образование, почеток и крај на работно место) мора да се совпаѓаат со тоа што е напишано во вашето CV.
Често регрутерите знаат да ги отворат LinkedIn профилите и да направат споредба.
Кога барате нова работа, пред почетокот на интервјуто разгледајте го профилот на компанијата, проверете ги луѓето кои што работат во таа компанија. Можноста дека некој ваш познаник работи во таа компанија би ви била од голема корист. Со самото отварање на профилот на компанијата, вие дознавате повеќе информации во врска со неа.
Информации од прва рака ви се, доколку некој ваш пријател или колега од факултет работел таму или има познаници кои што работат во таа компанија па со вас сподели информации во врска со работата. Споделување на лично искуство. Па токму за таа цел пред почетокот на интервјуто вие веќе ќе имате креирано една слика за компанијата каде што сте аплицирале.
- Не се откажувај
Мора да знаете дека процесот на работа не е лесен, и дека знае да биде долготраен процес.
Многу е битно во текот на целиот процес да останете трплеиви и да не се откажувате, затоа што не би знаеле кога точно ќе заѕвони вашиот часовник !
Најважно нешто кога барате работа е тоа да имате дефинирано што всушност вие сакате да работите и дали воопшто се пронаоѓате во работната позиција каде што сте аплицирале.
Исто така многу е важно да имате дефинирано дали сте спремни за таков чекор, можеби вашето ново работно место ќе бара да се преселите во друг град или држава. За време на пандемијата многу од компаниите работат од дома, но по завршувањето можеби ќе треба да почнете од канцеларија. Затоа е многу битно да знаете дали сте спремни на таков чекор.
- Направете истражување
Многу е важно истражувањето кое што треба да го направите пред да аплицирате за работа во некоја компанија. Мора да знаете каде аплицирате и каде доаѓате.
Пред почеток на било кое интервју, најчесто доколку станува збор за ваше прво интервју. Потребно е да прегледате неколку од советите како да се однесувате на прво интервју, која е соодветна облека за интервју за вработување. Исто така пред да започнете со потрагата, мора да внимавате дали вашето CV е добро напишано и дали ги содржи сите потребни информации, исто така добро би било да направите споредба со некое друго CV од некој кој што има исто образование како вас \ или работно искуство.
- Останете активни
Потрагата по работа може да биде напорна и да ви одзема многу време, а ако не најдете работа во времето кое што сте го предвиделе тоа за вас може да делува многу демотивирачки.
Но, немој да се откажете ! Додека чекате одговори од фирмите каде што се аплицирале, немој да стоите во место и само да чекате. Аплицирајте во меѓу време и на други места, каде што сметате дека вашиот профил одговара со отворената работна позиција.
Како совет плус: Добро е да направите план или листа со компании каде што ќе пробате да ја пронајдете својата работа од соништата.