Овој е можниот проблем за вчерашниот пад на сервисите од „Месинџер и Инстаграм“ – каде пораките воопшто не се праќаа

Овој е можниот проблем за вчерашниот пад на сервисите од „Месинџер и Инстаграм“ – каде пораките воопшто не се праќаа

26. 02. 2021.

Бројни корисници пријавија проблем со популарните Месинџер и Инсатаграм, каде пораките било невозможно да се пратат – тоа го потврди и интелегентниот софтвер „down detector“ кој примил многу пораки дека апликациите не работат

Бројни корисници пријавија проблем со популарните Месинџер и Инсатаграм, каде пораките било невозможно да се пратат – тоа го потврди и интелегентниот софтвер „down detector“ кој примил многу пораки дека апликациите не работат.

На оваа платформа корисниците во коментарите напишаа дека проблемот е во работата на апликациите во различни делови на светот, па затоа се јавуваа од Тунис, Велика Британија, САД, Португалија и така натаму.

Тешкотии во работата имаше и во Македонија но и во соседството – Србија, но се чини дека сега сè е во ред и проблемите се надминати, знаејќи дека фејсбук е сопственик на двете социјални мрежи.

– Некои гласини кружат дека Постојат некои индикации, како што пренесуваат странските медиуми, дека причината за привремен прекин на работата е спојување на овие две функции во една, односно дека во иднина корисниците ќе можат да читаат пораки од Instagram во Messenger и обратно, затоа што веќе некои корисници кои имале проблем со испраќање пораки се известени за ова спојување.

Сепак, Фејсбук сè уште не се огласи официјално.

извор: porta.mk