Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин, во член 260, велат од МВР.
„Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Со казната ќе се казни и оној што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист“, се вели во законот.