Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Актуелно
- Ова и понатаму е најбараното занимање во Хрватска - нема промени веќе една година
Во Хрватска речиси нема промена во рангирањето на петте најбарани занимања за една година.
- Како изгледа новиот најбрз воз што ќе вози со брзина до 450 км/час?
Кина во последната деценија стана неприкосновен светски лидер во развојот на железницата, откако изгради илјадници километри нови пруги кои стигнуваат до речиси секој агол на земјата, а наскоро ќе пристигне и новиот најбрз воз.
- Работа после пензионирање: За се поголем број на Европејци одењето во пензија не значи и крај на работниот век
Според анкета на Евростат во 2024 година, мнозинството жители на ЕУ не работеле (22,4%) или престанале да работат (64,7%) во првите шест месеци по добивањето старосна пензија.
- Ова се 10-те најбогати луѓе во светот: Годинава се појави и ново име меѓу нив
Илон Маск влезе во 2025 година не само како најбогат човек на светот, туку и како единствен милијардер чие богатство надмина 400 милијарди долари откако Forbes ги следи податоците.
- Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, домашната посета од 7 до 21 часот
Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.
- „Бенетон“ годинава планира да затвори повеќе од 400 продавници
„Бенетон“ сака да затвори повеќе од 400 продавници оваа година, според локалните медиуми. Планот е да се затворат 419 од 3.500 продавници ширум светот.