Попишувачите кои ќе бидат на терен и ќе го спроведуваат пописот на населението ќе заработат и над 35 000 денари хонорар за ангажманот.
Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, за пописните реони каде недостигаат попишувачи.
Лицата кои ќе попишуваат на терен од 1 до 21 април, една недела пред пописот ќе имаат тестирање и подготовки за непречно и професионално изведување на статистичката операција.
До сега има пријавено околу 4 500 попишувачи, кои од следниот понеделник ќе започнат со тестирањето и обуката, а повиците за пријавување на попишувачите се отворени до сабота.
Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите.
Огласот трае од 18 до 20 март 2021 година. Објавата за конкурсот може да се најде на следниов линк https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf.
Извор: https://lokalno.mk/