Мобингот, односно психичкото малтретирање на работното место е се почеста појава дури и во најсовремените општества и работни средини. Појава за која малку се зборува, од причина што жртвите се плашат да проговорат. За да ги охрабриме, направивме анкета во која прашавме „Дали некогаш сте доживеале мобинг на работното место“?
46% од испитаниците најчесто биле жртва на мобинг во компанијата каде што работат, но наместо да го дискутираат проблемот со кој што се соочиле тие најчесто премолчеле и си заминале од компанијата. Според одговорите на испитаниците дојдовме до заклучок дека најчеста причина била малтретирање на работно место, поставување не реални цели на работодавците и кратки временски рокови за исполнување на целите. Исто така, викање и навредување на вработениот без причина.
28% од испитаниците се изјасниле дека биле жртва на мобинг, на кој се уште се изложени. Според нивните одговори најчесто доколку се пријави мобинг на работно место, често тој проблем се избегнува и никогаш не бил ставен како сериозна тема на дискусија. Дел од анкетираните на анкетата одговориле дека трпат мобинг на своето работно место бидејќи немаат избор, или се плашат да пријават.
24% од испитаниците одговориле со НЕ. Никогаш не биле жртва на мобинг.
Како што може да забележиме само 3% од испитаниците кои што биле најхрабри одговориле дека доживеале мобинг и го пријавиле, а притоа сторителот одговарал.
Запомнете, ако некогаш доживеете мобинг на работно место потребно е да го пријавите и веднаш да реагирате за случајот. Одењето на работа и работната средина треба да претставува задоволство, а не тортура.
Пријатната работна средина е она кое што вас ве прави да бидете попродуктивни, она кое што ве мотивира.
Бидете храбри и секогаш пријавете! Понекогаш е потребно да ризикувате и да се впуштите во нови предизвици во животот. Секогаш на прво место треба да се ставите самите вие и вашето здравје. Затоа што за секој проблем постои решение, само потребно е време за да се стигне до вистинското.
Одговорете на нашата најнова анкета: