Индексот на трошоците на живот во мај 2018 година во однос на истиот месец лани забележа пораст од 1.7 проценти, а индексот на цените на мало забележа пораст од 3.1 проценти.
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека индексот на трошоците на животот во мај во однос на претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало 100.7.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13.1 %, цигарите за 5.0 %, свежото и разладеното овошје за 2.3 %, замрзнатото овошје за 1.3 %, другите прехранбени производи за 0.7 %, месото за 0.6 %, алкохолните пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.3 %, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.
Во мај пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет- аранжмани за 12.1 %, парамедицинските услуги за 7.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.0 %, услугите за сместување за 5.9 %, болничките услуги за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.3 %, информатичката опрема за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.4 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1.1 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, услугите за лична хигиена за 0.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.4 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 %, јајцата за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи за 0.4 % и млекото за 0.2 %.
Пад на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 5.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.1 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1.4 %, игрите, играчките и хобијата за 1.3 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, накитот и часовниците за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.