Дури 32% од луѓето кои во Германија се бават со нега на стари и болни лица, размислуваат да ја променат работата, покажува една нова анкета, а како најголема причина за тоа се наведува физичкото и психичкото оптеретување, и ниските плати.
Ова е драматичен податок во општество кое станува се постаро, а веќе сега недостасуваат најмалку 100,000 негуватели. Според најцрните процени, за неколку години ќе недостасуваат и до 200,000.
Последните години недостатокот на човештво појачано се надоместува со „увоз“ на болничари од Балкан, Мексико или Филипни. Повеќе од 50,000 жени од Западен Балкан се бават со негувателска работа во Германија.
Според Дојче Веле, старечките домови и болниците се толку очајни во потрагата по работна сила, да на посредниците им плаќаат и до 15,000 евра за да донесат на една негувателка од странство.
Додека не бидат признаени како медицински сестри, не го научат добро јаизкот и не ги положат испитите, овие жени во Гермнија смеат да работат само како болничарки. Почетната плата во просек се движи околу 2,000 евра бруто.
Претседателот на германскиот совет за нега Франц Вагнер бара почетните плати да бидат двојно поголеми и оценува дека тоа би била примерна заработка и дека со тоа занимањето негувател би било поконкурентно.
Тој за „Пасауер ноје прес“ рекол дека кај некои негуватели „исцрпеноста е толку длабока, што патат од посттрауматски стрес“.
Според здружениет, во светот професионално со нега се бават 27 милиони луѓе.