Истражување спроведено во Италија на луѓе кои оздравеле од COVID-19 покажа дека недостатокот или ниското ниво на витамин Д во организмот е поврзанo со потешкi форми на болеста, пишува La Sаnita.
Резултатите од истражувањето кое заеднички го спроведоа Високиот институт за здравство и римската болница Санта Андреа, покажуваат дека луѓето кои се заразиле од коронавирусот, а кои имале ниско ниво или недостаток на витамин Д во организмот, имале потежок тек на болеста и потешка форма на воспаление на белите дробови.
Се смета дека нивото на витамин Д во организмот е ниsko ако е под 10 нанограми.
„Во овој момент е рано да се зборува дека витаминот Д може да игра важна улога во битката против COVID-19 и намалувањето на смртност од заразата, но витаминот Д сигурно може да се препорача како корисен додаток на сите пациенти“, е заклучокот во истражувањето објавено во Respiratory Research.
Извор : https://kajgana.com/