Причина се големиот број наши државјани кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање, најмногу во Белград
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини.
Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. Причина се големиот број наши државјани кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање, најмногу во Белград.
На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.