Доколку фирмата е формирана или управувана од жена субвенцијата се зголемува за десет отсто.
Државата ќе субвенционира микро и мали претпријатија, но ќе има и финансиска поддршка за женско претприемништво, како и помош од државната каса наменета за занаетчии. Средствата ќе се делат по принципот прв дојден – прв услужен. Новина годинава ќе биде дека средствата ќе бидат распределени според развиеноста на планските региони. За малите и средни фирми е предвидена финансиска поддршка од 50 отсто за набавка на машини и алати како и за инсталација на фотоволтаици. Доколку фирмата е формирана или управувана од жена субвенцијата се зголемува за десет отсто. Субвенцирани ќе бидат трошоците за 2020 и 2021 година. Рокот за аплицирање е 16 април.
извор: alsat.mk