Franck Grupa е меѓу водечките прехрамбени компании во регионот, која повеќе од столетие создава врвни производи и брендови, комбинирајќи знаење и искуство од претходните генерации со енергијата и новите знаења кои ги донесуваат младите луѓе. Franck Grupa, позицијата на пазарен лидер во категоријата на кафе и чај, ја должи на нашите одлично прифатени брендови. Тие се: во категоријата КАФЕ – меленото кафе Franck кафе Jubilarna, Victoria и Glorija, Guatemala, Costa Rica, 100% Arabica и Franck Crema; еспресо Superiore, Stretto, Classic, Bonus и 125 years; Franck café со бројни новитети; во категоријата ЧАЕВИ – нашите познати Franck чаеви, освежени со новите линии Voćni+Moćni и Superiore Tea. Franck Grupa со седиште во Загреб брои преку 600 луѓе.
Производствени погони имаме во Хрватска и Босна и Херцеговина, а фирми и претставништва во БиХ, Словенија, Словачка, Македонија и Косово. Нашата мисија и долгорочни цели усмерени се на главните чинители: купувачите, вработените и акционерите. Задоволството и лојалноста на купувачите ги постигнуваме преку врвниот квалитет на нашите производи. Нашите вработени развивајќи ги своите потенцијали преку континуирано унапредување на работните процеси обезбедуваат постигнување на планираните деловни резултати и зголемување на вредноста на акционерскиот капитал.
CUSTOMER DEVELOPMENT MANAGER (м/ж)
Место на работа: Скопје/Македонија
Еден извршител
Основни надлежности и одговорности:
- Водење на работењето на пазарите Македонија, Косово и Црна Гора.
- Воспоставува и одржува конструктивни и професионални односи со дистрибутерите и клучните купувачи на наведените пазари.
- Осигура правовремена и ефикасна комуникација на целите и плановите на локалните пазари и го следи остварувањето на планираната дистрибуција на Franck обавезниот асортиман.
- Осигура спроведување на ценовните стратегии
- Во соработка со раководителот дефинира POS стратегија, одговара за нејзината имплементација на пазарот и ја организира изработката на POS материјалите
- Познавање на изработка на продажни калкулации
- Ја надгледува и координира реализацијата на усвоените планови и буџети за маркетинг во трговијата
- Го надгледува теренот и ја прати имплементацијата на плановите зададени на дистрибутерите и за тоа редовно го известува непосредниот раководител
- Одговара за P&L (добивка и загуба) на наведените пазари
- Ги презентира на дистрибутеорт правилата и процедурите на работа
- Осигура редовно пратење на наплатата на побарувањата од дистрибутерите
- Редовно доставува извештаи по налог на непосредниот раковидител
- Ги извршува останатите работи по налог на непосредбниот раководител
Од Вас се очекува:
- Високо образование - економски смер
- Работно искуство минимум 3 – 5 години, во продажба
- Познавање на продажните процеси
- Познавање на основните финансиски процеси и поими
- Познавање на законските регулативи и царинските прописи
- Деловна комуникација, исклучителни преговарачки и комуникациски вештини
- Способност на одредување на приоритети и аналитичност
- Фокусираност и доверливост
- Управување на односот со купувачите, тимска работа
- Управување со времето
- Познавање на MS Office и Google програмите/апликациите
- Активно познавање на англискиот јазик, говорен, пишан и вербален
- Познавање и комуникација на хрватски јазик
- Возачка дозвола Б-категорија
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ