Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на Банката, обезбедува висок квалитет на услуги.
Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на Банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.
Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот Телефонско банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- ВСП - економски факултет, бизнис администрација, организациски менаџмент, менаџмент на информациски системи, и правни науки или друга сродна област
- За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик - поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Обуки за продажба и грижа за клиенти - поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност
- Тимска работа
Лични карактеристики на кандидатот:
- Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за прилагодување на динамичната работа во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата
- Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ