Во салата во спортскиот центар во „Борис Трајковски“ поставени се 48 позиции. Тимовите кои ќе ја спорведуваат вакцинацијата се од Здравствен дом-Скопје, здравствени работници кои и имаа повеќегодишно искуство во имунизацијата.
А1 Арената односно салата „Борис Трајковски“ во Скопје е подготвена за денешниот почеток на масовната вакцинација против Ковид-19 со вакцината „Спутник V". 3000 граѓани треба да ја примат првата доза од руската вакцина.
Во оваа фаза на масовната имунизација вакцинирани ќе бидат вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.
Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.