-Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребата од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, изјави Мартин Ангеловски од ТУК при ССК.
Од секторот бараат и итно носење на новиот пакет мерки и издвојување на економските оператори кои имаат забрана за вршење на економска дејност повеќе од една година. Овие оператори иако не работат повеќе од една година, сепак плаѓаат режиски трошоци, кирии, сметки за струја, вода, ги подмируваат ратите за кредити, каматите, а на некој од нив им биле активирани и извршни решенија од страна на извршител. Затоа од секторот велат дека треба да бидат помогнати со посебни мерки.
Од туристичко – угостителската комора при ССК, неколку пати претходно посочија дека секторот е еден од најпогодените од коронавирусот и дека за нив е потребно да се донесе посебен пакет, затоа што дел од бизнисите во дејноста целосно се затворија неможејќи да се носат со целата состојба.
Од министертвото за економија посочија дека поради актуелните случувања со коронавирусот се носат мерки кои се во насока за заштита на здравјето на граѓаните. Очекуваат разбирање од угостителите за целата ситуација. Апелираат до нив да се воздржат од правење на било какви залихи, денеска и во текот на утрешниот ден, за да се избегнат загуби поради новите рестрикции.
Со новата одлука, од среда сите угостителски објекти, кафеани, ресторани барови, клубови ќе имаат забрана за работа.
Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензиски станици кои имаат делови за служење храна. Ова не важи за лица кои се сместени во хотели, мотели, хостели и пансиони како гости, како и за угостителските објекти кои се во склоп на Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Охрид. Објектите кои пак вршат подготовки на храна може да продаваат онлајн или да доставуваат нарачки по телефон. Подигањето на нарачката ќе се врши дирекно на посебен пулт.
Ваквите мерки ќе важат до 20 април , а потоа ќе се носи нова одлука.
Извор : https://denar.mk/