Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.
Nike и Swarovski заедно соработувале за дизајнот на новиот модел на патики
Занимливости
-
Дали вашиот датум на раѓање открива боја на среќа и пари?
Светот околу нас е полн со бои кои носат различни значења и влијанија врз енергијата што ја привлекуваме.
-
Потребни се 10 минути за да се симнете до најдлабоката метро станица во светот
На станицата Хонгјанкун во Чонгкинг, Кина, постојката е толку длабоко под земја што потребни се 10 минути и неколку ескалатори само за да се стигне до платформата.
-
Мравките никогаш не претекнуваат – можат да ги решат предизвиците на урбаниот транспорт
Професорите од Универзитетот во Тренто го проучувале однесувањето на мравките за да разберат како овие инсекти се движат ефикасно без попречувања дури и во големи групи. Марко Гериери, професор специјализиран за патна и железничка инфраструктура, и Никола Пуњо, професор по цврсти материи и структурна механика, се коавтори на ова истражување.
-
Дали телефоните ги прислушуваат разговорите?
Многу луѓе веруваат дека нивните телефони ги слушаат разговорите и затоа им се појавуваат реклами поврзани со теми за кои претходно разговарале. Меѓутоа, ова не е точно. Телефоните всушност не ги прислушуваат разговорите. Причината за оваа појава е поврзана со следењето на интернет активностите и размената на податоци помеѓу уредите.
-
Како временска машина: Зошто старите фотографии имаат посебна магија?
Доволно е само еден поглед на стара слика за да нè врати во детството, првата љубов или безгрижните средношколски денови. Во таа магична поврзаност меѓу светлината и хартијата, се чуваат сите оние чувства што нè разнежнуваат и ја поттикнуваат нашата креативна душа
-
ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ – еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит
За време на пандемијата на коронавирус, Ксијаохонгшу се зголеми меѓу помладите корисници во Кина и сега има 300 милиони месечни активни корисници, од кои 79 отсто се жени.