Актуелно
-
СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти, и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
-
Работни места кои доживеаја бум пред неколку години – а сега исчезнуваат?
Што мислите за кои позиции станува збор?
-
Балканот гори: Над 40 степени во Албанија, Србија под аларм
Во Албанија, каде температурите надминуваат 40 степени Целзиусови, владата денес наутро предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.
-
Балкански „итроштини“ во Грција: Влечкаат цигли во торбите за плажа, за да си чуваат место за цел одмор!
Во ек на летната сезона, грчките плажи се преполни со туристи од Македонија, но и од Србија, Бугарија, Романија… Посебно во летувалиштата околу Солун, на Халкидики, но и околу Катерини, бројни се гостите од Балканот и на секоја плажа може да се слушнат некои од балканските јазици.
-
Зошто не е паметно да се фалите дека работите напорно?
Не, навистина, буквално не е паметно постојано да рекламирате дека имате премногу работа, да останете будни до полноќ и да праќате мејлови, да ги пропуштате родендените на вашите деца и да ги скратите одморите за да ја завршите целата работа.
-
Планирате да патувате? Еве колку чинат патарините во другите европски земји и како се плаќаат
Ако планирате да патувате, важно е да знаете колку ќе платите патарина на пат ако одите по автопати.
-
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) денес донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе стапи на сила од полноќ 9-ти јули.
-
Подобро два хамбургера наместо еден со помфрит
Калориите што се внесуваат со брзата храна не е нималку добра работа, но нутриционистката Емили Филд советува наместо да ги броиме калориите, да се обрне повеќе внимание на самиот состав на храната што ја јадеме.
-
Ќе се стига многу побрзо до Дерми, Химаре и Саранда: Пуштен во употреба тунелот „Логара“
Во Албанија на 5ти јули беше пуштен за сообраќај тунел долг шест километри, кој го избегнува патот над планинскиот премин „Логара“ и значително го скратува времето на патување од Валона до Дерми, Химаре и Саранда. На свеченото отворање присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
-
До крајот на годината Србите ќе добиваат СМС предупредување за временски непогоди
До крајот на оваа година граѓаните на Србија ќе добиваат СМС предупредувања за невреме на ниво на оштина или дел од територијата.
-
„Бидете спокојни, вашето милениче е во сигурни раце“ – хотелите за кучиња со полни раце работа
Со приближувањето на летните месеци, многумина се соочуваат со предизвикот да најдат соодветно сместување за своите домашни миленици.
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Пензионерите на работа, младите во странство
Недостигот од работна сила ги натера газдите да бараат нови начини за наоѓање работници. Дел од компаниите се одлучуваат за увоз на работна сила, а дел со ангажирање на витални пензионери. Голем дел од младите заминаа на работа надвор од државата, а оние што останаа, не сакаат да го губат времето и да работат за ситни пари.
-
РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа
Летната туристичка сезона е во полн ек, а голем проблем за сите што се занимаваат со туризам годинава е адекватната работна сила. Се бараат готвачи, келнери, собарки, но една реклама на социјалните мрежи привлекува повеќе внимание од другите.
-
Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме
Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме. Меѓутоа, доколку го следите овој совет, вашата сметка за струја ќе биде многу помала следниот месец, пишува жена Блиц.рс.
-
Ресторан во Солун има многу евтина и вкусна храна: Цените се од 2 до 10 евра (ВИДЕО)
Туристите кои престојуваат во Грција ова лето во Солун можат да најдат ресторан со многу вкусна и евтина храна лоциран надвор од строгиот центар на градот наречен Бабис. Цените се многу пониски отколку во таверните и рестораните во центарот. Предјадењата се од 3 до 5 евра, главното јадење до 10 евра, додека чаша вино чини 2 евра.
-
Поранешна келнерка успеала да си ја најде „работата од соништата“ без диплома: Објаснува како...
Младата Американка им докажа на сите оние кои и даваа совети за кариера дека згрешиле и дека може да ја најде својата работа од соништата и да постигне многу повеќе. Хана Марујама вели дека не би била ни приближно среќна или успешна на работа како што е сега доколку следела некој од советите за кариера кои и биле дадени во тинејџерските години. Нејзините професори и рекле дека „нема да стигне многу далеку“ без да оди на факултет и да добие диплома, додека нејзините пријатели ја предупредиле да не ја менува работата премногу често.
-
Следува период на многу топло време, температури до 40 степени
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.
-
Поскапуваат патарините во Србија, познати се новите цени
Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.
-
Ова е најскапиот хамбургер на Светот, влезе во Гинисовата книга на рекорди
Ако сакате да го пробате најскапиот хамбургер на светот, ќе треба да издвоите околу 5 илјади евра!