Вести
-
Истекува рокот за бесплатен превоз на студентите без продолжен билет
Студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат право на бесплатен превоз со непродолжен билет уште неколку дена, односно до понеделник, 28 февруари.
-
Ќе се отпуштаат работници поради зголемената минимална плата?
Здружението „Гласен Текстилец“ соопшти дека добило сознание оти поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата од 18.000 денари, дел од работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците.
-
Ја исклучиле 3G мрежата, а вклучиле 5G. Промената предизвикала голем број проблеми со автомобилите!
Проблемот се јавил кај модели на популарните марки Honda, Ford... но ги погодил и најбрзите и најлуксузните (Bentley, Porsche…).
-
Еден од операторите воведе бесплатни повици и СМС кон Украина
Македонски Телеком информира дека вечерва од полноќ (26.02.2022), разговорите и СМС пораките од Македонски Телеком кон која било мрежа во Украина се бесплатни.
-
Трговците бараат маржите да се замрнат на 20 отсто и тоа само на основните производи
Стопанската комора денеска побара итна средба со министерот за економија со цел, наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало, а коешто треба почне да се применува од почетокот на следниот месец.
-
„Грин Машинс“ возилата од Велес до Пацифик
Општо познато е дека квалитетот создава доверба. Пример за тоа е дека по неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес.
-
Пропадна клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари
На планетата повеќе нема милијардер со богатство од над 200 милијарди долари. Последниот богаташ од клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари беше Илон Маск, но неговото богатство оваа недела се стопи за 13,3 милијарди долари. Според проценките, богатството на Маск сега изнесува 198,6 милијарди долари.
-
Дали сте знаеле дека: Балканот некогаш бил посебен континент!?
Балканадолија, како што е наречен заборавениот континент, се наоѓала меѓу Европа, Африка и Азија и била мост за населување на цицачите од азискиот на европскиот континент, тврди група научници во неодамнешна студија.
-
Од понеделник пренасочување на сообраќајот на патот Градско – Прилеп!
Заради отпочнување со градежни активности во врска со проект Рехабилитација на државен пат крак А1, делница Фариш-Прилеп, од понеделник ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќај на патот Градско – Прилеп, поточно после мостот на река Раец кон Плетвар, информира АМСМ.
-
Речиси 5.000 Македонци лани побарале азил во ЕУ, најмногу во Германија
Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија.
-
Сончево и потопло со мала локална облачност
Дали конечно имаме пролет во најава?
-
„Lufthansa“ размислува да формира нова авиокомпанија за да ги намали трошоците
Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ ги информираше пилотите дека би можела да основа нова авиокомпанија за да ги заштеди трошоците доколку пропаднат преговорите за нов колективен договор, велат извори запознаени со ова прашање.
-
Гугл објави нови правила за враќање во канцелариja
Уште еден знак за враќање на старото нормално време: Гугл објави нови правила за враќање во канцелариите
-
„Cboard“ – апликација за помош на лицата со потешкотии во говор и комуникација
Живееме во едно современо време, време на технологија каде што скоро во секој дом можеме да забележиме употреба на паметни уреди, телефони, таблети и сл. Меѓутоа овој пат имаме можност тие уреди да ги примениме на поинаков начин кој ќе им помогне на лицата со потешкотии во говор и комуникација да можат да комуницираат со своето блиско опкружување. За таа цел се локализира на македонски и албански бесплатната апликација Cboard.
-
Нема казни за директорите шти не дале зголемена дневница за работа во недела
Како што е познато, во дејностите кои се сметаат за исклучок од недела неработен ден, работниците треба да добијат дополнителна дневница од 50 отсто, додека, пак, оние што работеле во недела а се вработени во трговските објекти, треба да заработат зголемување на дневницата за 100 проценти, или двојна дневница. Така е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговија, па Државниот инспекторат за труд, покрај со контролите кои од поодамна ги прави за тоа кои од фирмите што не смеат или не пријавиле, сепак работат во недела, стартуваше и со проверките кои од газдите ги исплатиле или не додатоците за плата за оние работници што работеле во недела.
-
Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани
Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста. Ова следува откако Европскиот совет препорача да се укине забраната за несуштински патувања за лицата од државите кои не се членки на ЕУ.
-
Од денес започнува исплатата на февруарските пензии!
Од денес, 24 февруари, започнува исплатата на февруарските пензии. Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика.
-
„Големиот Гетсби“ инвестира во компанија за шампањ
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо стекнал удел во францускиот производител на шампањ Telmont, откри неговиот мнозински сопственик Remy Cointreau. Ова се случува во време кога луксузните брендови склучуваат договори со познати личности за да ја зголемат нивната атрактивност.
-
Зошто граѓаните се незадоволни од поштенските услуги?
Застарени процедури, цени и достава – причини за незадоволство од поштенските услуги
-
Германија ја зголемува минималната плата на 12 евра за час
Владата на Германија денес ги усвои одлуките за зголемување на минималната саатница на 12 евра, со што е исполнето клучното ветување на канцеларот Олаф Шолц.