Вести
-
Две пива дневно може да го остарат мозокот за 10 години
Две пива дневно може да го остарат мозокот за 10 години
-
Ги освои женските срца: Новиот Peugeot 308 прогласен за „Женски светски автомобил на годината“ за 2022 година
Новиот PEUGEOT 308 е прогласен за „Женски светски автомобил на годината за 2022 година“ (Women’s World Car of the Year 2022), по пребројувањето на гласовите на 56-те членки на жирито на WWCOTY – составено исклучиво од жени од 40 земји во светот од сите 5 континенти. PEUGEOT 308 е победник пред 65-те нови модели лансирани во 2021 година кои беа во конкуренција
-
Oтстранети уште две апликации во сопственост на Instagram
Од продавницата за апликации се отстранети уште две засебни апликации во сопственост на Instagram.
-
Дали мажите полесно се вработуваат од жените!?
Податоците за пазарот на трудот во Европската унија во третиот квартал од 2021 година покажуваат дека мажите имаат поголема веројатност да се самовработат отколку жените. Имено, 16,4 отсто од вработените мажи биле самовработени наспроти 9,5 отсто од жените, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).
-
5G мрежата на Телеком достапна и во Скопје
По успешниот старт на првата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини, 5G мрежата е достапна и во Скопје.
-
За да се преживее месецот на едно 4 члено семејство му требаат најмалку 600 евра
Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто.
-
Таксистите бараат решение: „Ако ја покачиме цената на превозот, ќе немаме кого да возиме“
Високите цени на горивата направи таксистите да возат без попусти, по полна цена на таксиметрите, која е стара 11 години. Последните поскапувања на горивата ги стави таксистите да изнајдат начин како да опстојат, затоа што се зголемија и цените на резервните делови и опрема за автомобилите. Не е проблем само драстичното поскапување на горивата, туку и нелојалната конкуренција.
-
PEPSI го лансираше првиот газиран пијалак во светот со азот
Индустријата за газирани пијалаци постои над 100 години. Иако низ годините имаше повеќе иновации на вкусот и амбалажата, едно нешто е исто од самиот почеток – газраниот вкус. Pepsi сега презема најамбициозен чекор досега и ја претставува својата иновација – Nitro Pepsi.
-
Три улици во Карпош утре без вода
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка" и „Париска".
-
Еве кога ќе се исплаќаат пензиите по новата методологија
Според таканаречениот швајцарски модел на крајот на годинава просечната исплатена пензија која сега изнесува околу 16 илјади денари - сега ќе изнесува 17.300 денари.
-
Статистика: За едно работно место во просек аплицираат 25 невработени граѓани!
Се бараат кадри и тоа, од техничка струка, мајстори, хигиеничари па се до менаџери и останати високи позиции во компаниите.
-
Зголемување на трошоците за живот и цените на мало во февруари
Трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава се зголемиле за процент, а цените на мало за 1,2 проценти. Во февруари годинава во однос на февруари лани трошоците на живот се повисоки за 7,6 проценти, а цените на мало за 8,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Следува многу студено време, со температури под просекот
Времето денеска е променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.
-
До 2040 година во океаните ќе има трипати повеќе пластика отколку сега
Почнаа преговорите за глобален договор чија цел е да се реши прашањето со епидемијата на пластичниот отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најбитниот мултилатерален пакт.
-
Се подготвува нов пакет мерки за справување со економската неизвесност
Во текот на наредните неколку дена граѓаните ќе бидат информирани за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.
-
Националниот парк „Маврово“ уште чека репрогласување, екологистите велат штетите се непоправливи
Репрогласувањето на националниот парк „Маврово“ ќе мора да почека нова Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје. Последната е направена во 2011 година.
-
Инјекција за слабеење пуштена во продажба
Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.
-
Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни
Бројот на увезени возила во земјава лани драстично се зголемил. Податоците покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е зголемен за над 8.000 во споредба со 2020 година.
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар, соопшти АМСМ.
-
Нема да има промени на сметките за парно за домаќинствата
На 20-та седница се донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.