Вести
-
Дојде време да молиме за пиперки и за домати – цените скокнаа до плафон
Во последно време, потрошувачите во Македонија се соочуваат со значително зголемување на цените на основните земјоделски производи како што се доматите и пиперките, кои традиционално се сметаат за основна храна на македонската трпеза.
-
24 април и 8 мај неработни денови, нема да се одработуваат
24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови, одлучи Владата вчера на 16. седница. Овие денови ќе бидат неработни за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и за пратеници во Собранието.
-
Како ненадејната промена на времето влијае на здравјето и кој треба да внимава?
Секоја промена на атмосферскиот притисок, температурата и влажноста на воздухот може да има штетно влијание врз здравјето, па затоа треба да знаете како да се заштитите и да го зајакнете имунитетот.
-
„Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина, ништо повеќе не чувам за 'црни денови'“: Мудроста на оваа жена ќе ве освести
Една старица ѝ напишала писмо на својата пријателка кое секој треба да го прочита. Писмото гласи вака:
-
Еден поразличен ресторан: Оставете го телефонот и добијте гратис вино
Италијански ресторан им нуди бесплатно шише вино на гостите кои се откажуваат од мобилните телефони за време на оброкот.
-
Апокалиптични сцени: Во Дубаи денеска врнеше дожд колку што обично паѓа за една година
Силен дожд и грмотевици создадоа прилично апокалиптични сцени во Дубаи – небото во еден момент стана зелено, луксузни автомобили пливаа по улиците во порои од вода, купувачите бегаа од трговскиот центар кој почна да се полни со вода, додека властите истовремено издадоа предупредување до граѓаните да останат дома, пренесува Daily Mail.
-
Поскапите горива и патарини ќе го поскапат патот до Грција!
Македонците кои планираат да летуваат во Грција или во некоја од земјите од регионот, најдобро е да го наполнат резервоарот до горе ако сакаат да заштедат гориво. Кога станува збор за земјите од Балканот, горивото е најевтино во Македонија, а најскапо во Грција, покажаа анализите. Во пресметката на трошоците за одмор во Грција, летово треба да го вклучите и поскапувањето на патарините. За 30 до 35 отсто пораснаа цените на патарините во соседна Грција. Поскапувањето е и за патот „Егнатија“ кој го користат македонските државјани кога одат на одмор во оваа земја.
-
Предолго време на „Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ причинува депресија и анксиозност
Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.
-
Ова се најпопуларните имиња за деца во 2023-та година ширум светот! Едно е број 1 во 17 земји
Чекате принова? Тогаш веројатно често го слушате прашањето дали веќе избравте име. Во случај да не сте одбрале и сè уште барате идеја, би можеле да ве инспирираат најпопуларните имиња за деца ширум светот.
-
Метео предупредување: Утре ветер со над 70 километри на час и пороен дожд
Утре се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.
-
Жичницата утре нема да работи!
ЈСП Скопје информира дека Жичницата, утре нема да работи поради предвидени технички зафати на објектот. Од петок (12.04.2024 год.), ќе продолжи со вообичаена работа од 10 до 18 часот.
-
Нови автобуски линии – „100“ од Ново Лисиче и „200“ од Дексион ќе возат до Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“
ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.
-
Краток водич за најголемиот HR настан во регионот!
Се наближува 12-тото издание на HR Days конференцијата, па ви пренесуваме краток (а сепак сеопфатен) преглед на активностите за да можете максимално да го искористите најголемиот собир на професионалци за човечки ресурси.
-
И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?
Повторно скокна цената на златото. Тоа утрово поскапе, а во исто време цената на нафтата од типот брент се намали под 90 долари за барел.
-
Нов трошок за туристите – чистењето на апартманот по вашето заминување чини 35 евра
Граѓаните кои планираат да го поминат својот летен одмор на Јадранско Море, особено во Хрватска, треба да бидат подготвени дека ги чека едно непријатно изненадување.
-
За една година се затвориле 15 училишта во Македонија
Вкупно 14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година, односно од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени вчера.
-
Хрватска е меѓу најскапите земји во Европската унија кога се гледаат цените на храната
Хрватска е на четвртото место во Европската унија според растот на цената на храната. Според податоците на Евростат – статистичката агенција на ЕУ, растот на цените на храната во февруари годинава во однос на февруари 2023 година изнесува 2,7 отсто во ЕУ и 3,1 отсто во еврозоната.
-
Еве зошто МАЖИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ПАМЕТНИ ЖЕНИ
Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата дека мажите се плашат од паметни жени? Истражувањето на Економскиот универзитет во Варшава предводено од Адам Карбовски го потврдило овој стереотип.
-
Од среда дожд и ветер, а на планините снег
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме, соопшти УХМР.
-
СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари
Сточарите од сите краеви на Македонија велат дека многу тешко наоѓаат овчари кои ќе се грижат за нивните стада, а платата достигнува и до 1.000 евра. Додаваат дека последниве 5 години е особено тешко да најдат овчари. Единствено овчарите од Албанија се нафаќаат да дојдат во земјава и да чуваат стока. Македонските граѓани ја одбиваат оваа работа.