Вести
-
Кој ги плаќа влезниците за Мет Галата? Оваа година еден билет чинел 75.000 долари...
Мет Галата е окарактеризирана како најважен моден настан во годината, а иако малкумина добиваат покана, мора да платат и висока цена за влез, кој годинава изнесувал 75.000 долари.
-
СÈ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните
Сè повеќе луѓе користат картички во секојдневното пазарење, како во продавниците, така и во електронските набавки. Но, новина е што граѓаните почнуваат се почесто да користат функции кои досега послaбо се применуваа.
-
Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија
Граѓаните на Македонија од 1. јуни ќе можат полесно да работат во Германија. Оваа земја донесе одлука да го зголеми бројот на работни визи за жителите на Западен Балкан на 50.000 лица, со што германскиот пазар на труд ќе стане подостапен.
-
Скопските ресторани имаат нови правила – ретко каде се нуди „а-ла карт“ за прослави
Во скопските ресторани ретко се користи опцијата „а-ла карт” за организирани семејни прослави, родендени, крштевки, матурски вечери…
-
„Му плаќам сметки само на сонцето“ – еве колку чини поставувањето соларни системи во викендички
Со зголемувањето на цените на електричната енергија и подобрувањето на технологијата за обновлива енергија, сè повеќе Македонци кои поседуваат викенд куќи на планина се одлучуваат да инвестираат во соларни системи за производство на сопствена електрична енергија.
-
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
-
По една година мостот „Беласица“ целосно пуштен за сообраќај
По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила. Но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и се уште стојат во тревникот на кејот под мостот.
-
Во Будва квадрат чини 4.000 евра, најевтино е во Валона – 1.000 евра
Црногорскиот бисер Будва е вистинско градилиште, се градат станови, станови, хотели. Трособен стан во центарот на Будва, во населбата Госпостина, недалеку од Стариот град, чини 184.000 евра, односно 4.000 евра квадрат. Без разлика дали зборуваме за Јадранската ривиера или популарните дестинации во Турција и Грција, за стан со средна големина треба да потрошите во просек 120.000 евра. Иако во Турција можете да најдете стан од 40.000 евра, Албанија има уште поевтина понуда бидејќи стан чини 25.000 евра.
-
Да не се „секираме“, рекордери сме: Два македонски градови меѓу најзагадените во Европа во 2023.
Два македонски градови се најдоа на новообјавената топ 10 листа на најзагадени градови во Европа во 2023 година.
-
Уживајте во пролетното време уште денес и утре: Доаѓа циклон од Медитеранот, од утре попладне врнежи и невреме
Денес и утре (вторник) во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, најави метеорологот Славчо Попоски.
-
НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?
Во март, Полска и Чешка имале најниска невработеност во Европската Унија(ЕУ).
-
ДОАЃААТ НОВА ТУРА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ – Еве кога ќе одмараме во периодот што следува
Следниот неработен ден е утрешниот поради изборите, но потоа следуваат и празничните неработни денови и тоа 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј.
-
Од утре поевтинуваат горивата, објавен новиот ценовник
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.
-
Денеска е Светол Вторник - најдобриот и најсреќен вторник во годината
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7. април. Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.
-
Кашкавалите и саламите имаат нови цени – отсега ќе сечеме парчиња на потенко!
По четиримесечно замрзнување на цените, трговците во Македонија се соочуваат со предизвикот да ги надоместат загубите.
-
Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија
Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Северна Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
-
Почна исплатата на парите од „Мој ДДВ“
Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Имено од почетокот на месец мај се врши исплата на повратот на средства за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024, но со оглед дека имаше неколку неработни денови, исплатата се очекува да се врши од утре.
-
Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“
Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.
-
Европа на удар на силно невреме: Во делови ќе завее снег како среде зима
Западна и централна Европа се под влијание на два циклона, кои носат многу нестабилно време на ова подрачје, а невремето се шири и на југозападна Европа.
-
Денеска е Ѓурѓовден – денот кога се празнува природата и животот
Кај Македонците со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”.