Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Која е компанијата која гради 10.000 домови за своите вработени?
„Овој проект ќе биде пример за урбанистичко планирање. 50% од регионот, кој бил напуштен, ќе стане национален парк во рамките на комплексот“
-
Колку ќе изнесува К-15 оваа година
Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални...
-
ПЛАТА ДО 35.813 ДЕНАРИ: Конкурс за нови вработувања во Министерство за одбрана
Се бараат кандидати со и без работно искуство, а платата се движи од 20.643 до 35.813 денари.
-
Трите гранични премини кон Грција ќе бидат затворени
Од ноќта кон средата, односно од полноќ денеска во следните 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на трите гранични премини кон соседна Грција.
-
СУПЕР ДИРЕКТОР НА БАЛКАНОТ: На вработените им ги платил долговите
Кога работникот ќе добие дете, платата му расте за пет отсто. Просечната плата е околу 1 200 евра.
-
Подолг годишен одмор и посебна заштита, еве кои се вашите права доколку работите ноќна смена
Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот. Од аспект на заштитата при работа, работата ноќе претставува тежок и неповолен услов за работа, и затоа тој претставува посебен услов за работа и како таков треба да биде утврден во договорот за вработување.
-
ЛОША ВЕСТ, Горивата повторно поскапеа
Горивата повторно поскапуваат.
-
Уште една недела до најголемиот настан за човечки ресурси – Годишната меѓународна конференција
Седум престижни професионални и експерти од полето на човечките ресурси на 31 мај, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе дебатираат на темата “From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) на десеттата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси.
-
9 интересни факти кои не ги знаете за мајката на Меган Маркл
Меган Маркл стана принцеза на Хари и ја доби Кралската титула на војвотката од Сакекс, но за нејзината мајка, Дориа Рагланд, Маркл секогаш ќе биде нејзиниот „Цвет".
-
Tоп-листа на градови во кои платите се над 2000 долари
На првото место е градот во кој работат и живеат многу Македонци