Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
-
Белград го доби најлуксузниот хотел, ноќевање до 1.900 евра
Во Белград беше отворен хотелот Св. Регис Белград, а локалните медиуми јавуваат дека е само шести хотел од овој реномиран бренд во Европа.
-
Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 20. Виз Ер Скопски маратон
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.
-
Не ви треба високо образование: Ова се трите најбарани занимања во Хрватска
Трендот на растечка побарувачка за работници продолжи и годинава, пишуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоци од центрите за вработување.
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон
На 5 октомври 2024 година, сабота, поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
-
Продавниците на Телеком нема да работат за претстојниов викенд, се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа
Македонски Телеком ги известува корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат.
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.10.2024 (недела) со почеток од 08 часот, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.
-
ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ: Кометата што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов видлива од Земјата
Кометата А3, или кометата Цучиншан-АТЛАС, е видлива на северната хемисфера овој октомври. На кометата ѝ се потребни 80.000 години за да орбитира околу Сонцето, така што неандерталците биле меѓу последните луѓе што ја виделе.
-
Можно зголемување на гужви на границите: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии
Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС).
-
Возачи, внимавајте: Колку се опасни лисјата на патот?
И без дожд, треба да возите повнимателно во текот на есента, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.