Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Бројот на невработени падна под 100 илјади, работа чекаат 16 доктори на науки и 530 магистри
Бројот на невработени кои активно бараат работа за прв пат во историјата на државата се спушти под 100.000 се вели во анализата на Порталб.мк.
-
Потребни се 61.306 денари да преживее едно четиричлено семејство
Во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари велат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Ова е минимално зголемување во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.
-
Медитеранот на удар на ново невремe, ќе ја заобиколи ли Македонија?!
Силна облачност и систем со грмотевици од централниот дел на Медитеранот утрово се прошири кон подрачјето на Јадранското Море.
-
Бројни проблеми за „iPhone 16“ на самиот почеток
„iPhone 16“ на самиот почеток се соочи со проблеми поради честите поплаки за пелтечење при пишување и премногу чувствителните контроли на допир што предизвикуваат големи проблеми кај корисниците.
-
Ова е крај на скриените разговори - Сопственикот на ТЕЛЕГРАМ се согласи да споделува податоци со властите
Извршниот директор на Telegram, Павел Дуров, наводно, се согласил да ги предаде IP-адресите и телефонските броеви на корисниците на неговата шифрирана апликација за пораки на властите кои поднесуваат валидни правни барања.
-
ПОЧНА БЕРБАТА НА ЈАБОЛКА ВО ПРЕСПА: Работниците бараат и по 2.200 денари дневница, но не сите овоштари се во можност да платат толку
Од 1.500 денари до 2.000 или 2.200 денари се движат дневниците во Преспа за берба на јаболка. Некои од овоштарите на работниците им нудат сместување и три оброци дневно и тоа ја одредува висината на дневницата. Двете страни се договараат и за превозот. Тоа е работа на договор меѓу овоштарот и работниците.
-
Ќе го реновирате домот? Плочкарите имаат нова цена на квадратот
Изминативе неколку месеци, цените на многу услуги забележаа драстични зголемувања, а меѓу нив се и услугите на плочкарите.
-
Македонски Телеком ВРАБОТУВА
2 слободни позиции
-
Какво време не очекува денес?
Есен или Пролет?
-
Познат милијардер дефинира два типа на квалитетни работници
Џеј Чодри е милијардер кој основал пет компании, од кои првата ја продаде за 70 милиони долари, а во текот на кариерата се фокусирал на тоа како овој бизнис десетици негови вработени да ги претвори во милионери.