Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Поскапуваат бензините и дизелот
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Како да станете германски државјанин?
Германија е една од водечките земји во Европа кога станува збор за можноста за стекнување државјанство преку процесот на натурализација (Einbürgerung). Секоја година, илјадници странци успешно минуваат низ овој процес, со што се стекнуваат со право на германски пасош и голем број права кои доаѓаат со германското државјанство. Оваа статија дава сеопфатен преглед на постапката, условите и придобивките од стекнувањето германско државјанство преку натурализација, врз основа на официјални информации од Министерството за внатрешни работи (Bundesministerium des Innern, BMI).
-
НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ни нудат корисни информации, но и „бегство од реалноста“
Социјалните мрежи се составен дел од нашиот живот, имаат свои позитивни, но и негативни страни. Тие ни нудат многу корисни информации, се информираме за обуки, доедукација, вработување, но во исто време постојат и луѓе кои преку социјалните мрежи креираат некој имиџ за себе кој е нереален.
-
Некои се задоволни, а некои разочарани – што мислат граѓаните за есенската кошничка?
Владата веќе ја претстави есенската потрошувачка кошничка, со која 73 основни прехранбени производи следниот месец ќе се продаваат по пониска цена со цел справување со инфлацијата и намалување на трошоците за живот на граѓаните.
-
Дневница од 1.600 до 2.000 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка
Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.
-
Колку примања се потребни за удобен живот во европските престолнини?
Трошоците за живот во големите европски градови постојано растат, а според најновите истражувања, значителни примања се потребни за да се води удобен живот во престолнините како Париз, Берлин и Лондон.
-
ТАВ АЕРОДРОМ:ПОДГОТВУВАМЕ ГОЛЕМ МАСТЕР ПЛАН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА АЕРОДРОМИТЕ
Ќе има нови летови
-
Оваа есен Земјата добива „втора Месечина“
Гравитациското влечење на Земјата ќе предизвика заробен астероид да кружи околу нашата планета скоро 60 дена.
-
Во државата има 100 илјади невработени, а никој не се јавува на огласите за работа
НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ, НО ВЕЌЕ НЕМАМЕ НИТУ РАБОТНИЦИ
-
Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини
Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава.