Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Каде е најевтино скијањето во регионот?
На 5 декември Копаоник прв во Србија ја започна скијачката сезона, Стара планина го стори тоа на 13 декември, а до крајот на месецот се очекува жичарниците да бидат пуштени и на Торник на Златибор. Со споредба на цените на ски картите во Копаоник, Стара Планина, Златибор, Јахорина, Колашин, Банско, Крањска Гора и Мариборско Похорје, најевтините ски карти во регионот се на црногорскиот Колашин, потоа Стара Планина и Златибор.
-
Празнична магија на екраните: Најемотивните божиќни РЕКЛАМИ оваа година
Повторно дојде тоа време од годината! Време кога нашите екрани се преплавени со божиќни реклами кои не само што нè воведуваат во празничниот дух, туку и ги допираат нашите емоции. Оваа година, вештачката интелигенција играше клучна улога во создавањето на рекламите, што предизвика поделени реакции кај публиката.
-
Кои се најбараните професии во Македонија?
Трендови на пазарот на трудот во Македонија: Што се бара, а што нуди?
-
Од полноќ поскапуваат горивата, еве кои се новите цени
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.
-
Во сабота, речиси цело Скопје ќе остане без вода
На 21 декември (сабота), јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе изврши затворање на главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров. Причината е санација на неколку сериозни дефекти, вклучително и големо оштетување на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде повеќе од десет дена се излева вода на улиците.
-
Златото како стратегиски ресурс: Србија со најголеми резерви во регионот
Цената на златото оваа година достигна рекордни нивоа, при што во октомври унца се продавала за над 2.790 долари. Иако во моментот цената е нешто пониска, околу 2.678 долари за унца, овој благороден метал останува значаен национален ресурс, особено во кризни и геополитички несигурни времиња.
-
Лоши вести за купувачите на iPhone: Некои модели повеќе нема да се продаваат во Европа
Со цел да ги приспособат своите телефони на европските регулативи, Apple ја замени претходната порта за полнење со USB-C порта во своите телефони (и други уреди) од генерацијата на iPhone 15. Пред неколку години ЕУ го донесе овој закон со цел полначите на различни уреди, но и уреди од различни производители да бидат компатибилни за да не треба да се купуваат нови полначи и со тоа да се намали количината на електронски отпад.
-
Стоматолошки туризам во Македонија – како дијаспората заштедува пари и време
Сè повеќе Македонци кои живеат и работат во Западна Европа одлучуваат да се враќаат во татковината за да ги решат своите здравствени потреби, особено кога станува збор за стоматолошките услуги.
-
Галичник 3 недели е отсечен од светот, а од синоќа нема ни струја
Селото Галичник веќе три недели е отсечено од светот поради непрооден пат, а од синоќа е и без електрична енергија. Жителите преку месната заедница упатија апел до надлежните институции да го расчистат патот и да ја вратат струјата во селото.
-
Германија го поттикнува купувањето електрични автомобили со ваучери од 1.000 евра за полнење
Германскиот министер за економија Роберт Хабек ќе ја зголеми продажбата на електрични автомобили со специјална понуда. Покрај даночните поволности, на потрошувачите би им се нуди и бонус од 1.000 евра за наплата на нивните возила.