Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
РКЕ ги објави новите цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
-
Граѓаните повеќе нема да можат да плаќаат заостанати сметки за вода на рати без камата
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека заврши акцијата за исплата на заостанати сметки, без камата.
-
Проверувајте ги фискалните:Од денес не смее да има ДДВ на некои производи
Така купувачите ќе проверат дали лебот, брашното, млекото, шеќерот, маслото, месото, оризот и јајцата се продаваат со или без ДДВ.
-
Типови визи за привремен престој во Австралија
Дали некогаш сте размислувале за работа и живот во Австралија? Еве кои типови визи можат да ви овозможат привремен престој
-
Брако од Велес ја произведува јаглеродната жица за најудобните душеци за спиење
Најудобните душеци за спиење во своето јадро ја имаат специјалната јаглеродна жица произведена во „Брако“од Велес
-
Децата кои поминуваат повеќе време на мобилни уреди може да имаат проблеми во однесувањето
Децата кои поминувале повеќе време пред екран во текот на денот имале и до 20 отсто поголем ризик од проблеми во однесувањето
-
Нетфликс ќе им наплаќа на оние што ги споделуваат профилите и лозинките со други луѓе
Внимавајте ако споделувате еден Нетфликс акаунт со вашите пријатели!
-
Денеска нова одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
-
Пензискиот фонд и натаму исплаќа пензии на починати лица
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и натаму продолжува да исплатува пензии на починати лица, поради што оваа важна финансиска институција за државата, и натаму трпи огромни финансиски штети. Од друга страна, Фондот нема доволно контролни механизми како тоа да го спречи, ниту присилни механизми како да си ги наплати штетите настанати по овој основ.
-
Ковид-19 зафаќа сѐ повеќе животински видови, поттикнувајќи прашања за научниците
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот до денес, научниците откриле инфекција со ковид-19 кај 29 животински видови, вклучувајќи мачки, кучиња, творови, елени, хрчаци, тигри, глувци, дабари… Во повеќето случаи, не е докажано дека животните можат да го пренесат вирусот на луѓето, но во најмалку два случаи животни заразиле луѓе, пренесуваат светските медиуми.