Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали летувањето ќе биде поскапо?
Две ставки ја зголемуваат цената, а со Турција и Египет би можело да биде поинаку
-
Резултатите од ПОПИСОТ НА 30 МАРТ!
На 30. март ќе ги објавиме конечните резултати од Пописот, подготвуваме настан, во салата на Филхармонија. Чекавме 20 години за податоци од Попис, ќе почекаме уште 12 денови, вели Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во Студио 10 на ТВ24.
-
Наскоро и средношколците без маски во училиштата!
Комисијата за заразни болести вчера предложи учениците од основните училишта да бидат ослободени од задолжителното носење заштитни маски. Обврската за носење маска во училиштата останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал.
-
Како сега цената на нафтата паѓа?
Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 101 долари, што е пад на цените во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 102 долари.
-
Заради нелегитимни собранија, притисоци, закани и манипулации-четири комори го напуштија ССК
Во своите соопштенија коморите наведоа дека од сега ќе функционираат самостојно.
-
Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот за шест
Нова цена
-
Усвоени законските измени: Историски највисок раст на пензиите
Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.
-
Владата ќе штеди- на службени патувања, реклами и мебел
Владата во вторникот донесе мерки за штедење во јавниот сектор, а секој што нема да ги почитува овие одлуки, ќе биде санкциониран.
-
Препорака: Без маски на училиште и без сертификат на отворено во кафеана
Владата е на потег
-
Oд денес основните прехранбени производи се продаваат со 0% ДДВ
Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до денес да ги прилагодат фискалните апарати.