Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека денеска, на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, a ќе има дежурни билетарници.
-
Граѓаните не треба да стравуваат, во магацините има и шеќер и масло за јадење
Граѓаните не треба да стравуваат за шеќер, затоа што има увоз на големи количини, а магацините се полни и со масло за јадење, но за овој продукт е проблем маржата која е нула за трговијата на мало, поради што голем дел од продавниците не сакаат да го продаваат.
-
Туристичката сезона може да почне: Земјите од регионот ги ублажија корона мерките
Италија и Грција ги ублажија епидемиолошките мерки воведени поради коронавирусот, враќајќи ги во нормала животот на нивните жители и патници пред шпицот на летната туристичка сезона.
-
Учете од нив: Како најуспешните луѓе во светот, ја нашле нивната прва работа
Да ја работите професијата што ја сакате и која ви овозможува да бидете задоволни ментално и материјално, е резултат на голем труд, работа и упорност
-
Има само 21 година и работи како возач на камион, багер, виљушкар - Запознајте ја младата Јована
На прв поглед е како сите нејзини врсници, оди на факултет, излегува, ужива во шминкањето и снимањето за Тикток.
-
Дури 13.444 работници не го добиле загарантираниот „минималец“ за март, најголем дел се од приватниот сектор
Иако изработиле полно работно време за цел месец, ним им била исплатена плата под овој износ
-
Уште една земја од регионот ги укина сите ограничувања за Ковид-19
Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории
-
Секој четврти граѓанин во Германија има странско потекло
Една четвртина од населението во Германија има странски корени, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика
-
Volkswagen може да се купи онлајн во Германија
Од средината на април, во Германија може комплетно онлајн да се склучат договори за лизинг за електричните СУВ-модели ID.4 и ID.5
-
Се што треба да знаете за да се вработите во Финска
Упорноста, одлучноста и мотивацијата се клучните зборови кога станува збор за барањето работа, како секаде, така и во Финска. Финскиот пазар е многу конкурентен и барањето работа е вистински предизвик. Моментално, невработеноста во Финска изнесува 8,5%.