Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, отвора уште една фабрика
ќе се произведуваат кабли за БМВ
-
Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!
Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни
-
Најдобрата земја во светот за авантуристички патувања е земја од Балканот!
Најдобрата дестинација за зависниците од адреналин е Хрватска, а на листата се најдоа уште две земји од поранешна Југославија
-
Англиски судија има решение за „крадењето време“ - да се игра точно 60 минути!
Поранешниот англсики судија Марк Клатенбург најавува револуционерна промена на правилата. Тој предлага во иднина фудбалските натпревари да траат само 60 минути, а времето да се игра со ефективна игра на теренот.
-
НЛБ Банка: Детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, клиентите да не споделуваат лични податоци
НЛБ Банка предупредува на внимателност, детектирани се обиди за злоупотреба на податоци и сметки
-
Промени во полагањето на државната матура!
Државната матура ќе се полага по скратен материјал, поради штрајкот
-
Охридската пастрмка остана само на монетата од 2 денари
Бројот на охридската пастрмка е намален за десетици пати во периодот на независна Македонија. Прекумерниот риболов е еден од факторите што може да доведе до истребување на овој вид, а истражувања покажуваат и ризик од хемиско загадување во услови на несоодветна институционална заштита
-
Tранспортна компанија со седиште во САД бара ДИСПЕЧЕР
Транспортна компанија со седиште во САД бара амбициозни лица да се придружат на нивниот тим во канцеларијата во Скопје
-
Цените на храната во светот конечно ПАЃААТ
Светските цени на храната конечно бележат благ пад за месец април.
-
Кое овошје најмногу го извезува Србија, а кое носи најмногу пари?
Србија лани направила извоз на овошје за рекордни 824,1 милиони евра, најголемата количина биле јаболки, а најмногу пари донеле малините, вели агроаналитичарот Горан Ѓаковиќ.