Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Во помалите места облека може да се купи на вересија
Во помалите градови во внатрешноста на Македонија, купувањето облека на вересија е намалено во однос на минатото, но не е искоренето, пишува Фактор.
-
Младите луѓе излезот од тешката економска состојба го гледаат во емиграција
Голем дел од граѓаните од Источна Македонија одат на сезонска работа во Италија и Швајцарија, пренесуваат од Фактор, каде прво ги чистат лозјата, а потоа и го берат грозјето.
-
Поради штрајк ќе бидат блокирани неколку скопски улици
Штрајкот на вработените од Управата за водење на матичните книги продолжува. За денеска е најавен протест кој ќе се одржи од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани неколку улици.
-
Сончево и потопло време, но не излегувајте без чадор
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
-
Ново поскапување на горивата – еве ги новите цени
Дизелот по цена од 87 денари за литар
-
Четири дена ќе слушаме пукање и ќе гледаме воени возила: Не се вознемирувајте, еве што ќе се случува во Скопје и околината
АРМ ги информира граѓаните на Скопје и околината дека од вечерните часови...
-
Македонците од Источна Македонија масовно на работа во Италија
Голем дел од граѓаните од Источна Македонија одат на сезонска работа во Италија и Швајцарија, пренесуваат од Фактор, каде прво ги чистат лозјата, а потоа наесен и го берат грозјето.
-
Римац вработува 250 работници
Оние што ќе успеат да влезат во компаниите ќе работат во Света Недела и Савска Опатовина кај Загреб, во Сплит, Осиек, Варвик во Обединетото Кралство, а едно слободно работно место е во Берлин
-
Јавен оглас за 18 државни службеници - Агенција за катастар на недвижности ВРАБОТУВА
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 96/2022
-
Се крои нов закон за висока раководна служба – Дали конечно директорите ќе се бираат по стручност или со “врски”!?
Ќе почнат ли конечно во земјава директорите на државните институции, но и секретарите, да се избираат затоа што се стручни и професионални, или тоа ќе продолжи да се прави по партиска линија како и досега?