Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Еве какво ќе биде времето денес и во текот на наредната недела
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 13 до 19 степени.
-
Највисоката бруто плата во Црна Гора во март била 115.250 евра
Највисоката бруто-плата во Црна Гора во март годинава изнесува 115.250 евра, а тоа е плата на вработен во секторот за компјутерско програмирање, информираат од Управата за приходи и Царина, доставени до порталот РТЦГ, пренесе Банкар.ме.
-
Викендов започнува реновирање на Ургентиот хируршки центар, пациентите ќе бидат соодветно згрижени
Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во тек на овој викенд почнуваат активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар и овие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца.
-
Tекстилците на работ на егзистенција: Над 1000 работници земале плата под 18.000 денари
Над илјада текстилни работнички поднеле пријави преку невладината организација „Гласен текстилец“ дека земале помала плата од минималната со закон утврдена 18.000 денари и тоа за околу 2.000 денари помалку.
-
Почетокот на туристичката сезона во Грција под прашалник- недостасуваат илјадници хигиеничари
Како и сопствениците на хотелите низ целата земја, има голем недостиг од работници по две години пандемиски ограничувања што ги принудија работниците во угостителството да бараат работа на друго место.
-
Словенија: Од утре престанува ограничувањето на цената на горивата, се очекува големо поскапување
Од утре, 1 мај, во Словенија престануваат да важат регулираните цени на нафтените деривати, па се очекува нивен значителен пораст на почетокот од следната недела.
-
Дали постои можност за воведување на дигитален денар!?
Народната банка на Северна Македонија ја истражува можноста за воведување дигитална верзија на официјалната валута на земјата, македонскиот денар.
-
Oблачно и посвежо време со повремен дожд
Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.
-
Од 3 мај стартува уписот на првачиња, еве кои документи се потребни
Од 3 мај стартува уписот на првачиња, еве кои документи се потребни
-
Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија
Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули.