Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Италија го продолжува носењето маски во затворен простор
Заштитните маски ќе бидат задолжителни во Италија во јавниот транспорт и на некои настани во затворени простории до 15 јуни.
-
Само за една година доделени станбени кредити од 154 милиони евра
За една година граѓаните во земјава се задолжиле за дури 154 милиони евра само по основ на станбени кредити. Или, за толку пораснале доделените станбени заеми во март годинава во однос на март минатата година.
-
Како се чувствуваат граѓаните по драстичното релаксирање на здравствените протоколи!?
Ширењето на коронавирусот влијаеше и на индивидуалното и на колективното однесување на луѓето. Но сега, по динамичниот тренд на намалување на ширењето на заразата и намалување на бројот на заразени и заболени, сѐ повеќе се чувствуваат раздвиженост и оптимизам кај луѓето. Колку е тој основан и ако трендот продолжи така, колкав период ќе биде потребен за граѓаните да се вратат на вообичаената дневна динамика, која ја имале пред појавата на пандемијата?
-
Цените на горивата остануваат непроменети
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати.
-
АЛКАЛОИД со 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции од 219 милиони денари во периодот јануари – март 2022
Алкалоид АД Скопје ги објави податоците од своето работење за првиот квартал од годинава
-
Утре прскање против комарци во Скопје
Град Скопје ги известува граѓаните дека в петок, 29 април 2021 година, ќе почне авионската дезинсекција на подрачјето на градот против лаври од комарци
-
Што е Лумира, уред за кој Бил Гејтс мисли дека треба да биде што е можно попристапен
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, смета дека Лумира, уред за дијагностицирање на разни болести, треба да биде што е можно попристапен. Ова го посочи како една од мерките за спречување на пандемија
-
Учениците од утре се враќаат на настава, штрајкот ставен во мирување
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава
-
Јавен повик од АВРСМ до сите невработени лица
AВРСМ: Објавен јавниот оглас за мерката Субвенционирање на плати
-
Охрид викедов домаќин на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување
Бројката од над 50 пријавени учесници од неколку европски земји, кои викендов ќе полетуваат под падините на планината Галичица и ќе слетуваат на градскиот стадион во Охрид, е показател дека се работи за атрактивен спортски настан.