Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Охрид викедов домаќин на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување
Бројката од над 50 пријавени учесници од неколку европски земји, кои викендов ќе полетуваат под падините на планината Галичица и ќе слетуваат на градскиот стадион во Охрид, е показател дека се работи за атрактивен спортски настан.
-
МЗШВ: Исплатени субвенции за овоштaрите
Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства...
-
Карпош е во мрак од 1 часот по полноќ, општината штеди на струја
Од 1 до 5 часот на територијата на Општина Карпош се гаси уличното осветлување и улиците се во мрак. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека оваа мерка е воведена оти мора да се штеди, откако сметките за струја се трипати зголемени поради енергетската криза. Во 2020 и 2021 година за улично осветлување биле потрошиле 13 милиони денари за цела година, а сега толку пари се потрошени само во првите три месеци.
-
Бројот 112 станува препознатлив, но ако не добиете брз одговор може да свртите и на старите броеви за итни случаи
Ако за брзо време не го добиете операторот на повикувачкиот број за итни случаи 112, може да се јавите и на старите броеви, кои функционираа досега.
-
За 20 денари поскапе зејтинот на „Брилијант“
„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината.
-
На 3 мај започнува 34-то издание на скопскиот Саем на книгата
Саемот на книга оваа година се враќа во својот редовен пролетен термин на одржување, од 3 до 9 мај во салата Борис Трајковски во Скопје.
-
Дали гирото чини навистина 7 евра, а лебот 2,5 во Грција?! Еве што велат информациите за тоа дали цените скокнале
Продавниците се полни, времето е убаво, морето студено, а цените на храната и пијалоците се за едно евро повисоки од ланските, велат за српски медиуми , туристи кои штотуку се вратиле од Паралија.
-
Народната банка работи на подготовки за дигитален денар
Во Народната банка се почнати активности со кои се разгледува можноста и потребата од воведување дигитален денар.
-
Американскиот долар на највисоко ниво во изминатите пет години
САД– Поради несигурноста на финансикиот пазар, вредноста на американскиот долар постојано се зголемува во споредба со референтните валути, достигнувајќи највисоко ниво во изминатите пет години.
-
Следува уште еден продолжен викенд!
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2022 година (недела), Денот на трудот, односно 2 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.