Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје
Студентите во трите студентски дома во Скопје, ќе може со помош на својата студентска картичка да рециклираат пластика, а за таа цел во домовите распоредени се шест машини за рециклирање.
-
Комисијата предложи укинување на сите антиковид-мерки, маските да останат задолжителни само во некои затворени простории
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, што значи се укинува потребата за ковид-сертификат во угостителските објекти во затворено, а маска и натаму ќе треба задолжително да се носи само во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
-
По штрајкот ќе се крати материјалот или ќе се учи по 10 јуни – матурантите во најголема неизвесност
Како ќе се надокнади пропуштениот материјал е прашање што ги засега и учениците и наставниците, но и родителите? Но, најголем проблем имаат матурантите, кои треба да полагаат државна матура. За 1.600 од нив е пробиен рокот за изработка проектна задача.
-
10-та јубилејна конференција HR Days, 21 и 22 септември во Ровињ
Ја дочекавме 10-тата јубилејна конференција HR Days!
-
Град Скопје распиша јавен повик за бесплатна настава и обука за оџачари
Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Германија.
-
Еврото на најниско ниво во однос на доларот од 2017 година
Еврото денеска падна на најниско ниво од 2017 година, пред се поради загриженоста на пазарот за изгледите за глобалниот економски раст и зголемената инфлација.
-
СКОПЈЕ ИМА НАЈУБАВИ ФАСАДИ: Македонска фирма победи на европски натпревар за фасади
На натпревар за избор на најубави фасади во Европа кој секоја втора година се одржува во Валенсија, Шпанија; прво место освои објект за колективно домување лоцирана во скопската населба Тафталиџе изработена од PMG Construction од Скопје.
-
Доаѓа летото: И Албанија ги укина сите ковид мерки, влез без тест и сертификат
Албанскиот национален комитет за справување со пандемијата на Ковид-19, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата.
-
Шеќер има во доволни количини, но цената е повисока од порано
Фирмите кои го пакуваат и дистрибуираат велат дека шеќер има во доволни количини, но цената е повисока од порано, бидејќи и нивните набавки поскапеле.
-
Пензиите пораснаа, но короната ги покоси пензионерите!
Просечната пензија во март изнесувала 16.380 денари и за прв пат е исплатена и највисока пензија досега во висина од 60.294 денари. Станува збор за новоформирана максимална пензија истата важи од први годинава, а решенијата се донесуваа од први март.