Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Maкедонската текстилна индустрија има потреба од неколку илјади работници
Македонскиот текстилен сектор може слободно да апсорбира и до 5.000 работници, но тие многу тешко се наоѓаат. Дел од работничките кои работат во фабриките, заминуваат сезонски во странство, и нема кој да ги замени.
-
Највисоката пензија повисока од 60.000, најниската помала од 8.500 денари - Колкави се пензиите во Македонија?
Просечната пензија во земјава за март годинава изнесува 266 евра
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје
Посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), соопшти денеска МВР
-
„Гучи“ пронајде инспирација во сандалите на „Југопластика“, цената - 400 евра
На официјалната страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандали кои премногу потсетуваат на оние кои во минатиот век ги продаваше „Југопластика“
-
Швеѓаните на 17,5, Црногорците на 33,3 - Кога младите во Европа стануваат самостојни?
Младите швеѓани најрано стануваат самостојни, покажа истражувањето на евростат направена во повеќе европски земји во однос на просечната возраст на која младите го напуштаат домот на родителите
-
Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".
-
За четири месеци граѓаните потрошиле 700 илјади евра за биоразградливи кеси
За само 4 месеци граѓаните извадиле од паричникот околу 700 илјади евра за набавка на биоразградливи кеси. Министерот за животна средина, рече дека оваа сума ќе се искористат за изградба на потребната инфраструктура за селекција на отпадот.
-
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.
-
Придружи се во тимовите на некој од автомобилските гиганти: Магна, Kromberg & Schubert, Ван Хоол и Dräxlmaier!
Автомобилските гиганти бараат кандидати за работа. Кликни, дознај и аплицирај. Можеби денес е Вашиот среќен ден да станете дел од нивните успешни тимови!
-
НЛБ Банка од денес (26.04) започнува со предвремена исплата на априлските пензии
Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ги исплати пензиите на 26 април (вторник).