Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ЕУ одобри историски закон: Технолошките гиганти ќе бидат одговорни за објавување нелегална содржина на нивните платформи
Критичен дел од законот ќе го ограничи начинот на кој големите технолошки гиганти ги таргетираат корисниците со онлајн реклами.
-
Швајцарија ги укинува мерките за сите патници
Патниците од сите земји наскоро ќе можат да влезат во Швајцарија без почитување на какви и да се правила за Ковид-19. Почнувајќи од 2 мај, на сите патници, без оглед од која земја доаѓаат, ќе им биде дозволен влез во Швајцарија без ограничувања.
-
Германските компании ќе делат откази поради високите трошоци за енергија
Околу 40 отсто од германските компании веќе го чувствуваат негативното влијание на растот на цените на енергенсите, а речиси половина поради тоа планираат да ги намалат вложувањата, покажува истражување на универзитетот Ифо.
-
ПОЧИНА НАЈСТАРАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Јапонката Кане Танака, врсник со Илинденското востание, во јануари прослави 119-ти роденден
Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.
-
До 15 јули продолжен изменетиот сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница, сообраќајот по наместа влажни коловози
До 15 јули е продолжена времената измена на режимот на сообраќај на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
-
Необични и запоставени занимања кои носат добра заработка
Работни места за кои е потребно посебно знаење, образование, искуство и сл. тие секогаш ќе бидат добро платени, но трендовите на пазарот се чудо и постојано се појавуваат нови занимања кои ветуваат импресивна плата.
-
Најголемата светска компанија за храна ги зголеми цените за 5 отсто
Најголемата светска компанија за храна и пијалаци – Нестле, ги зголеми цените за повеќе од 5 проценти во првите три месеци од оваа година, пишува CNN Business.
-
Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид и во Струга
Јавниот градски паркинг во Охрид и во Струга за Велигден ќе биде бесплатен, соопштија јавните претпријатија од двата града.
-
НЕ СЕ РАЗОЧАРУВАЈТЕ: Ќе имаме споен викенд и следниот понеделник, потоа во мај ќе одмараме уште еднаш, па во јуни не очекува нов неработен викенд!
Веќе одмараме четири дена, по повод најголемиот христијански празник Велигден, потоа следува и први мај и празникот Рамазан Бајрам каде повторно во рок од една недела ќе одмараме уште еднаш.
-
Поскапувања и во Црна Гора: Минималната потрошувачка кошничка во март била 715,5 евра
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка за март, според податоците на Монстат, изнесува 715,5 евра, што е за 3,1 отсто повеќе во однос на февруари.