Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Србија со рекордни инвестиции во недвижен имот – Квадрат во Белград продаден за 9.115 евра
Прометот на пазарот на недвижности во Србија во првиот квартал е зголемен за 23,1 отсто во однос на истиот период лани, што досега беше рекорд за трансакции со недвижности во земјата, се вели во извештајот на Републички геодетски завод (РГЗ).
-
Производството на сончоглед на македонските ниви низ годините намалено за десет пати
Сончогледовите полиња низ земјава се реткост, во рок од три децении производството на сочоглед на македонските ниви е намалено за десет пати.
-
Први фотограии од БиХ по земјотресот: Граѓаните на Требиње, Зеница, Мостар и Сараево се на улица
Според податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот во 23.07 часот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтер
-
Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина
Почувствуван е и во земјава
-
Минатото лето во Европа беше најжешкото досега
Англија– Летото 2021 година беше најжешкото во Европа откако се води евиденцијата, изјавија денеска научници од ЕУ, пренесе ДПА.
-
Минимално покачени цените во хотелите во Грција, цените на пакет аранжманите непроменети
Грција – Покачените цени на бензинот, поскапото секојдневие како на Грците, така и на туристите кои ја посетуваат Грција, но и војната во Украина, се главните фактори што ќе имаат влијание врз грчкиот туризам, иако земјата очекува добра туристичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Најголемиот турски малопродажен ланец доаѓа на Балканот, помеѓу локациите е Скопје
Најголемиот турски малопродажен ланец за опремување на домот планира експанзија на Балканот
-
„Работете од дома, возете велосипед, не палете автомобил во недела“ – ЕУ има нови мерки
ЕУ ги повикува луѓето да возат помалку, да користат помалку клима и да работат од дома најмалку три дена во неделата за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.
-
“Совеста не нѝ дозволува“ – Германски синџир одбива да продава зејтин по цена од 5 евра
Цените на храната во Германија драстично „скокнаа“. Тоа се забележува особено, кај продажбата на масло во германските супермаркети, пишуваат локалните медиуми.
-
На „Богородица“ зголемена фреквенција: За 24 часа поминале 7.500 туристи
Сообраќајната раздвиженост на ГП „Богородица“ од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на Велигденските празници. Во моментот за излез од земјава не се чека подолго од десетина минути, потврдија за МИА од дежурната гранична служба.