Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сите електронски уреди ќе имаат еден универзален полнач
Одборот за заштита на потрошувачите на Европскиот парламент усвои директива со која се воведува единствен полнач за сите електронски уреди.
-
Дали инструкторите за возење ја губат работата? Повеќе нема да бидат потребни за обука и оценување на возачите
Технологијата за автономно возење ќе се користи за обука на возачите, а не како нивна замена
-
Граѓаните ги враќаат парите под перници- штедните влогови во март намалени за дури 117 милиони евра
Штедните влогови на граѓаните во денари во домашните банки се намалиле за дури 117,5 милиони евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија.
-
ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода
Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска остварил работна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија.
-
Во февруари просечната нето плата 29.839 денари
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.
-
ЌЕ ДОЈДЕ ЛИ КОНЕЧНО ТОПЛОТО ВРЕМЕ – еве што најавува УХМР за велигденските празници, особено подгответе се за во недела!
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови ќе има локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).
-
Светскиот туризам ќе се врати на нивото пред пандемијата во 2023 година
Глобалните сектори за туризам и патувања ќе се вратат на нивоата пред пандемијата во 2023 година и ќе растат со стапка повисока од растот на глобалниот бруто домашен производ (БДП), според извештајот на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).
-
Во петок, недела и понеделник бесплатен паркинг на ПОЦ, во сабота ќе се наплаќа
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.
-
Објавени повици за пет мерки – земјоделците да ја искористат поддршката
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска соопштија дека се објавени пет јавни повици од Програмата за рурален развој: за руралните жени – носители на носители на земјоделски стопанства, за набавка на трактори, за набавка на силоси за жито, за набавка и опремување мандри, како и за набавка на опрема за производство на тутун.
-
Неделен возен ред за време на претстојните празници, ќе има дежурни билетарници, а Жичарницата нема да работи само во понеделник
По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (22.04.2022 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред.